10.8 C
Skopje

Вилијамс со мала измена во името и ново лого за идната сезона

Објавено:

Тркачкиот тим на Вилијамс објави дека во сезоната 2026 ќе настапува под ново име, кое сега ќе го користи називот „Атласијан Вилијамс Ф1 тим“, наместо досегашното „Атласијан Вилијамс Рејсинг“.

Поголема промена најавија за логото, кое ќе биде заменето со модерна верзија на легендарната „W“ буква на Френк Вилијамс која „влече напред“, означувајќи го тркачкиот момент во приказната.

Буквата која беше користена во логото во минатото, за прв пат беше преставена во 1977, годината кога и беше основан тимот.

Извор: https://x.com/thomasmaheronf1

Вилијамс е еден од најуспешните тимови во историјата на Формула 1, освојувајќи го трофејот на механичари дури девет пати низ годините, што ги става на третото место на вечната листа. Возачите на Вилијамс ја имаат освоено титулата седум пати, а вкупно во нивното постоење како тркачки тим имаат победено на 114 трки.

Со промената Вилијамс сакаат да влезат во новата ера на регулативи во Ф1 со нов имиџ, но и со нова шасија и батерија за идната сезона.

„Инспирирани од нашето минато, самоуверени за нашата иднина“, стои во објавата на тимот на социјалните мрежи во која ги откриваат новите промени.

Следете нè: Facebook | Instagram | X 

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено