Уганда влезе во нова ера на спортската инфраструктура. Новиот Хоима Сити стадион, со капацитет од 20.000 гледачи и вредност од 129 милиони долари, доби совршенa оценка од 5 ѕвезди, за целосно исполнување на стандардите на ФИФА и КАФ.
Овој современ фудбалски храм, изграден специјално за потребите на AFCON 2027, го чекаше само официјалното одобрение од инспекциските делегации на двете фудбалски организации, пред да биде предаден на владата на Уганда, откако беше изграден пред време уште на крајот на октомври. Иако крајниот рок беше во декември, стадионот веќе ги доби и сите одобренија пред истекот на рокот.
As of 4th Nov,2025 pic.twitter.com/EZNaQe9JuI
— Hoima City Stadium (@HoimaStadium) November 5, 2025
Федерацијата на фудбалски асоцијации на Уганда (FUFA) во октомври потврди дека градежните работи, изведени од турската компанија „MS Summa“, се завршени во целост и дека сите договорни обврски се исполнети.
„Синоќа добив повик од изведувачот кој потврди дека стадионот е комплетно готов. Веднаш ја известив ФИФА и КАФ да испратат свои делегации за финална инспекција“, изјави Роџерс Бајамукома, извршен член на FUFA, на пресот за медиумите во октомври.
As of 20th October,2025🏟️ pic.twitter.com/878hrLjK9S
— Hoima City Stadium (@HoimaStadium) October 21, 2025
Хоима Сити стадионот претставува не само спортски, туку и симболичен проект, почеток на ново поглавје во фудбалот и спортот воопшто во Уганда, со цел да се обезбеди светски терен за локалните и континенталните натпревари.
Стадионот, со својот модерен дизајн, целосно покриени трибини и инфраструктура во согласност со највисоките меѓународни стандарди, ќе биде еден од централните терени за Африканскиот Куп на нации 2027, кој Уганда ќе го организира заедно со Танзанија и Кенија.
Со оваа инвестиција, Уганда не само што го подига нивото на фудбалската инфраструктура, туку и ја потврдува својата амбиција да стане нов фудбалски центар на Источна Африка.
Погледнете го ова модерно спортско ремек-дело, предвесник на новата ера на африканскиот фудбал.



