Фламенго покажа срце, карактер и класа – и покрај раниот шок, ги прегази Челси со 3:1 и испрати силна порака до фудбалскиот свет.
Челси прв поведе преку Педро Нету во 13. минута, искористувајќи грешка во бразилската одбрана. Англичаните изгледаа поудобно, но Фламенго ја контролираше топката и го чекаше својот момент.
Во второто полувреме резервистот и легенда на Фламенго, Бруно Енрике израмни во 62-та минута по одлична акција, а веќе во 65-та минута, Данило стрелаше за 2:1 комплетен шок за Челси.

Маките на Челси продолжија кога во 68-та минута Николас Џексон доби доби директен црвен картон само 4 минути откако влезе во игра, после непромислениот старт врз Ајртон Лукас.
Младиот талентиран напаѓач Волас Јан ја искористи одбиената топка и во 83-та минута стрелаше за конечни 3:1 и крај на надежите за “сините” од Лондон.
Фламенго сега е лидер на Група Д, а Челси ќе мора да го спасува престижот против Есперанс од Тунис.
Погледнете ги сите голови од натпреварот.



