12.8 C
Skopje

Џани се врати во Европа, навистина се врати!

Објавено:

Лугано: Џани не заборава и се враќа во тимот кој што прв му даде вистинска шанса во Европа… Тимот за кој што играше на офанзивната крилна позиција и ги торпедираше противничките тимови.

Алиоски овојпат, се враќа како прекален лев бек, освојувач на Азиската Лига на Шампиони и играч со огромно искуство, меѓудругото и многу одиграни натпревари во англиската Премиер Лига за легендарниот Лидс.

Тимот денес и официјално му посака добре дојде на Алиоски, а ние му посакуваме добра игра во старо-новиот фудбалски дом!

Би сакале да напоменеме дека од минатата сезона, првотимец на Лугано е и 18 годишното момче Илија Масларов кој што е со потекло од Македонија, но ги брани боите на младинските репрезентации на Швајцарија. Со оваа вест сакаме да ги повикаме од ФФМ и “агентот” Џани да се обидат да го предомислат “Иле” и младиот талент да го облече дресот на македонската репрезентација.

Извор: https://www.fclugano.com

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено