(ВИДЕО) Дрејпер го искрши рекетот од нервоза

 

Објавено:

Британскиот тенисер Џек Дрејпер беше на чекор да стигне до своето прво финале на домашен терен.

Дрејпер, кој беше сметан за фаворит во вчерашниот меч на Квинс турнирот изгуби од Чехот Јири Лехечка и не можеше да го контролира својот бес, па удри по рекламните екрани покрај теренот.

“Не го оправдувам ваквото однесување, но едноставно не можев да го контролирам мојот гнев”, изјави Дрејпер после пропуштената шанса.

Британецот се извини за неговото однесување, а изјави дека после ова ќе земе неколку слободни денови и ќе се фокусира на неговите подготовки за Вимблдон.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено