10.8 C
Skopje

Дарио Ивановски со победа, штафетата со државен рекорд

Објавено:

Успешен прв ден за македонските атлетичари на Европското првенство, 3 дивизија, кое се одржува во Марибор, Словенија. Нашиот најдобар маратонец Дарио Ивановски вчера победи во трката на 5.000 метри, со време 14:04.06.

Ова не е личен рекорд на Дарио, но сепак беше доволно за победа во трка во која Ивановски беше далеку подобар од својата конкуренција.

Извор: https://www.facebook.com/EuropeanAthletics

Добар настап имаа и нашите претставници во штафетата 4×100 метри, каде поставија нов државен рекорд на Македонија со време од 40:89. За Македонија трчаа Михаил Петров, Јован Стојоски, Марко Алексовски и Андреас Трајковски.

Им честитаме на сите наши атлетичари и им благодариме за одличните резултати во боите на Македонија!

Извор: https://www.facebook.com/EuropeanAthletics

 

Извор: https://www.facebook.com/EuropeanAthletics
Извор: https://www.facebook.com/EuropeanAthletics

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено