(Видео) Нено тргна со победа: Димитријевиќ солиден на дебито, Баерн слави во Минхен!

 

Објавено:

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ ја започна својата авантура во Баерн Минхен на најдобар можен начин, со победа! Во натпревар полн со поени и пресврти, Баварците славеа против Басконија со 96:89 во рамките на 20. коло од Евролигата.

Ова беше прв натпревар за Димитријевиќ во дресот на германскиот гигант по неговиот трансфер, а популарниот „Нено“ веднаш покажа дека ќе биде сериозно засилување за четата на Светислав Пешиќ.

Солидни бројки за 17 минути

Димитријевиќ на паркетот во „САП Гарден“ помина нешто повеќе од 17 минути и за тоа време имаше забележителен учинок. Тој го заврши мечот со 8 поени (1/2 за два, 6/7 од линијата за слободни фрлања), а на тоа додаде и 4 асистенции и 3 скока.

Особено важни беа неговите минути во третата четвртина кога Баерн се мачеше да фати приклучок, како и смиреноста од линијата за пенали во клучните моменти.

Обст „полуде“, Баерн експлодираше во финишот

Иако Димитријевиќ имаше одлично деби, апсолутен херој на вечерта беше Андреас Обст. Германскиот снајпер одигра натпревар на кариерата, постигнувајќи неверојатни 37 поени со шут за три поени 7/11.

Баерн губеше во поголемиот дел од мечот, но благодарение на фантастичната последна четвртина која ја добија со 36:20, успеаја да направат целосен пресврт и да стигнат до шестата победа сезонава.

Кај гостите, најдобар беше Матео Спањоло со 20 поени.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено