Македонскиот репрезентативец во скок со стап Огнен Стефановски продолжи да ги реди успесите и на вториот ден од Европското првенство, 3 дивизија, кое се одржува во Марибор, Словенија.
Со скок од 4.05 метри, Стефановски го сруши државниот рекорд, нешто што не му успеало никому уште од 1968 година.
Ова е еден од најстарите рекорди во македонската атлетика, а претходниот рекорд пред 57 години го поставил Владимир Карер.


