Наследникот на Верстапен? Оли Берман има „супермоќ“ што ја поседува само Макс!

 

Објавено:

Што го прави еден возач на Формула 1 навистина брз? Според експертите и телеметријата, младиот Британец Оли Берман поседува ретка карактеристика која е заштитен знак на четирикратниот светски шампион, Макс Верстапен.

Во својата прва целосна сезона со Хас (2025), Берман докажа дека може да се носии со нешто што е кошмар за повеќето возачи, нестабилен заден дел на болидот.

„Возење на работ на ножот“

Шефот на Хас, Ајао Комацу, открива дека Берман има уникатна толеранција за нестабилност, што му овозможува да има „остар“ преден дел и да внесува огромна брзина во свиоците.

„Ако болидот е 100% стабилен, не можете да вртите, само да одите право. Макс е неверојатен бидејќи може да вози болид со најмала стабилност. Оли дефинитивно е поблиску до тој правец отколку Естебан (Окон) или Нико (Хулкенберг). Инженерите често се изненадени од тоа колку нестабилност на задниот дел може да толерира Оли, вели Комацу.

Окон плати цена, Берман профитираше

Разликата во стилови беше очигледна во 2025 година. Додека Естебан Окон се мачеше со кочењето бидејќи му беше потребна стабилност, Берман кочеше доцна и агресивно, користејќи ја надолната потисна сила (downforce) пред да ја пушти кочницата и нагло да сврти. Тоа му донесе просечна предност од 0.140 секунди во квалификациите пред поискусниот колега.

Берман признава дека му требало време да се адаптира од менталитетот на Ф2 (каде се ризикува веднаш) во Ф1, но втората половина од сезоната, каде освои поени на 6 од последните 10 трки (вклучувајќи го 4-то место во Мексико), покажа дека тој е материјал за Ферари во иднина.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено