ГРК Охрид го потврди Прибетиќ: Хрватскиот ѕид во „Билјанини Извори“ следните 3 сезони!

 

Објавено:

Тоа што SportStation.mk го најави уште пред Нова година, денеска доби и официјална потврда. ГРК Охрид го промовираше своето најголемо зимско засилување, хрватскиот пивот Џанфранко Прибетиќ.

Клубот од „Билјанини Извори“ потврди дека 25-годишниот ракометар, кој доаѓа директно од најсилното првенство на светот (Германската Бундеслига, тим Штутгарт), ставил потпис на договор со важност до 2028 година. Ова е јасен сигнал дека Охрид гради сериозен проект на долги патеки.

Први зборови на „Џинот“

Прибетиќ, кој е висок 196 сантиметри и има искуство од играње во Нексе и Штутгарт, не го криеше задоволството:

„Многу сум среќен и горд што потпишав за Охрид. Имам слушнато само убави зборови за клубот и за градот. Едвај чекам да започнат натпреварите и да се борам за целите на клубот, изјави новиот пивот на охриѓани.



Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено