Во раните утрински часови се затвори кругот на групната фаза на ФИФА Светското клупско првенство кое за прв пат се одржува во ваков проширен формат.
Последните билети за нокаут-фазата ги зедоа европскиот гигант Реал Мадрид и саудискиот Ал Хилал, со што стана првиот арапски и азиски тим кој ја има поминато групната фаза.
Клубот од Саудиската лига со 2:0 го победи тимот на Пачука, за второто место во групата Х. На првото место во групата се најдоа Реал Мадрид, откако синоќа го совладаа тимот на Ред Бул Салзбург со 3:0.
Group H: Complete. ✅
— FIFA Club World Cup (@FIFACWC) June 27, 2025
Сега во нокаут-фазата Реал ќе се сретнат со Јувентус, а Ал Хилил со Манчестер Сити.
Погледнете ги сите голови на натпреварот.
РБ Салзбург 0 – 3 Реал Мадрид
Винициус Џуниор 40′
Фредерико Влаверде 45’+3′
Гонзало Гарсија 84′
Ал Хилал 2 – 0 Пачука
Салем Алдавсари 22′ и Маркос Леонардо 90+5′



