Со натпреварите од групата Х, во раните утрински часови се затвори групната фаза и се пополнија и последните две места во осминафиналето од Светското клупско првенство.
Нокаут-фазата започнува веќе утре, со бразилско дерби меѓу Палмеирас и Ботафого. Интересно е што сите четири бразилски клубови се најдоа во осминафиналето, а после оваа средба со сигурност ќе имаме бразилски тим и во четвртфиналето од турнирот.
Потоа денот продолжува со португалската Бенфика кои ќе се сретнат со Англичаните од Челси, натпревар кој ветува добра борба и интересни моменти.
Во недела ќе гледаме судир меѓу поранешниот и сегашниот клуб на Лео Меси, односно ПСЖ и Интер Мајами, во можеби најнеизедначените сили во нокаут-фазата, а потоа и натпреварот меѓу Фламенго и Баерн Минхен.
На 30 јуни, во понеделник, ќе го гледаме натпреварот меѓу Интер и Флуминесе, а во доцните вечерни часови ќе се одигра и натпреварот меѓу Манчестер Сити и Ал Хилал.
Јули ќе го започнат натпреварите меѓу Реал Мадрид и Јувентус, како и Борусија Дортмунд и Монтереј.
Доколку до сега не го следевте ФИФА Светското клупско првенство и сакате да се приклучите во гледање на натпреварите од нокаут-фазата, а не знаете како, погледнете го нашиот детален водич за како бесплатно да ги гледате сите натпревари од сите уреди.




