Репрезентацијата на Данска ја потврди својата доминација на Европското првенство во ракомет 2026, совладувајќи ја Норвешка (38:24) во клучниот дуел за лидерската позиција во главната фаза.
Иако избраниците на Николај Јакобсен уште во понеделникот, по триумфот над Германија, теоретски обезбедија пласман во полуфиналето, мотивот на вечерашниот натпревар не изостана. Победата на Германија над Франција претходно во денот значеше дека Данска мора да слави против својот сосед доколку сака да влезе во завршницата од првата позиција.
Норвешки отпор во првото полувреме
Норвешка влезе во овој дуел без шанси за полуфинале, борејќи се само за позиција која води во натпреварот за петтото место. Сепак, тоа не ги спречи Норвежаните да покажат заби на почетокот. Со агресивна одбрана и брза транзиција, Норвешка наметна темпо и во раната фаза од натпреварот стигна до предност од три гола разлика.
Шоу на Питлик и Гидсел
Сепак, надежта на Норвешка за изненадување траеше кратко. Кога беше најпотребно, на сцена стапија главните ѕвезди на данската репрезентација. Симон Питлик и Матијас Гидсел ја презедоа одговорноста и со серија погодоци го свртеа резултатот во корист на својата селекција.
Со денешната победа, Данска го запечати врвот во својата група и со максимална самодоверба патува на финалниот викенд, каде ќе ја нападне европската круна. Норвешка, и покрај солидниот впечаток во одредени делови од мечот, ќе мора да се задоволи со борба за петтото место на овој шампионат.
Следете нè: Facebook | Instagram | X
Гостинска статија на Марија Петровска



