Скопје станува светски центар: 23 нации пристигнуваат на училишниот ракометен мундијал!

 

Објавено:

Главниот град на Македонија се подготвува за еден од најголемите младински спортски настани во својата историја. Од 20 до 29 април, Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во ракомет за ученици (ISF Skopje 2026), на кое учество ќе земат 23 земји од целиот свет.

Организаторите на денешната прес-конференција порачаа дека градот е подготвен да ги пречека младите спортисти и да покаже дека Македонија е врвен домаќин на големи меѓународни манифестации.

Спектакл на Плоштад Македонија

Свеченото отворање е закажано за 21 април, кога на Плоштад Македонија ќе се одржи дефиле на сите репрезентации. Младите ракометари ќе пристигнат преку Камениот мост, што ќе биде проследено со богата културно-уметничка програма.

„Ова не е само спортски настан, туку платформа за поврзување на младите од целиот свет. Скопје ќе покаже дека е отворен град и дел од светската спортска сцена“, истакна Елена Мицковска, претседателка на Федерацијата на училишен спорт.

Поддршка од државата и легендите

Министерот за спорт, Борко Ристовски, под чие покровителство се одржува првенството, нагласи дека ова е потврда за сериозните инвестиции на државата во младинскиот спорт.

„Ова е можност да ја промовираме Македонија. Сите деца кои се на почетокот на кариерата ќе имаат шанса да се презентираат пред поширок аудиториум, а ние како држава ќе продолжиме да даваме целосна поддршка за вакви иницијативи“, изјави Ристовски.

Шеф на македонската делегација ќе биде ракометната легенда Индира Кастратовиќ, која истакна дека Скопје десет дена ќе дише во знакот на спортот и новите пријателства. Македонија ќе учествува со две репрезентации до 18 години (машка и женска конкуренција), од кои се очекува достојно претставување на домашниот терен.

Натпреварите ќе се играат низ повеќе сали во Скопје, а големото финале е закажано за 28 април.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено