Македонскиот настап на Зимските олимписки игри „Милано Кортина 2026“ заврши со денешниот слалом во женска конкуренција. Нашата единствена претставничка во алпско скијање, Јана Атанасовска, не успеа да стигне до целта во првото возење.
Иако Јана покажа голема желба за борба на патеката, техничка грешка во горниот дел од слаломот ја исфрли од ритам, по што младата скијачка мораше предвреме да го заврши својот настап. Со ова, македонската олимписка експедиција ги комплетираше своите настапи на Игрите, каде покрај Атанасовска, нашите бои ги бранеа и нордијците во крос-кантри дисциплините.
⛷️🇲🇰 Атанасовска не ја заврши ниту слаломската трка, со што заврши настапот на македонските олимписки претставници во Милано Кортина 2026 pic.twitter.com/cgPSwnbbzo
— sportstation (@sportskastanica) February 18, 2026
И покрај денешниот епилог, самото учество на олимписката сцена е голем успех за Атанасовска, која е предводник на новата генерација македонски скијачи. Сега останува анализата на постигнатото и почеток на подготовките за следниот олимписки циклус.



