Италијанската скијачка Лаура Пировано го освои Малиот кристален глобус во спуст во Светскиот куп, откако триумфираше на последната трка од сезоната во норвешки Квитфјел. Ова беше нејзина трета победа во низа, со што направи целосен пресврт во генералниот пласман.
Пировано победи со предност од 0.15 секунди пред Бризи Џонсон (САД), додека третото место го освои Кира Вајдле-Винкелман (Германија) со заостанување од 0.25 секунди. На финалната рамнина, Италијанката достигна импресивна брзина од 127.15 км/ч.
На неполн месец пред крајот на сезоната, Пировано беше четврта во поредокот и без ниту еден подиум во кариерата. Но, откако врза две сензационални победи во Вал ди Фаса (и двете со минимална разлика од 0.01 секунда), таа изби на првото место. Сезоната во спуст ја заврши со 83 бода предност пред Ема Ајхер (Германија), која на оваа трка заврши петта.
Со освоените бодови, 22-годишната Ајхер сега заостанува 95 бода зад лидерката Микаела Шифрин во трката за Големиот кристален глобус во генералниот пласман.



