2.8 C
Skopje

“Кобра“ на филмското платно: Сценарист на “Бегство кон победа” ќе ја пишува приказната за Панчев!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Животната приказна на најголемата македонска фудбалска легенда, Дарко Панчев, наскоро ќе биде преточена на филмското платно. Како што ексклузивно дознава МИА, продукциската куќа “Петровски Брадрс” од Скопје ги има обезбедено правата за игран филм кој ќе ги прикаже сите клучни моменти од кариерата и животот на “Кобра” – неговите лични борби, вртоглави успеси и падови.

Она што го прави овој проект исклучително амбициозен е креативниот тим кој стои зад него. На режисерското столче ќе седне македонскиот режисер со долгогодишно меѓународно искуство, Зоран Петровски, додека сценариото е доверено на вистинска холивудска легенда. Станува збор за Ѓорѓе Милиќевиќ, сценарист со српско потекло кој повеќе од 60 години живее и работи во Њујорк и Лос Анџелес. Неговото име е најпознато по тоа што е еден од сценаристите на култниот фудбалски класик “Бегство кон победа” (Victory, 1981), во кој играа Силвестер Сталоне, Мајкл Кејн и најголемиот на сите времиња – Пеле.

Извор: https://x.com/fkvardar_mk {@fkvardar_mk}

Од продукцијата нагласуваат дека филмот нема да биде документарна биографија, туку вистинска холивудска приказна со цел да допре до пошироката публика, а не само до фудбалските фанови.

“Самата сторија треба да биде поттик за многу идни млади генерации дека во спортот со талент и напорна работа нема недостижни врвови, дека дете од Скопје кое потекнува од просечно работничко семејство успева да го достигне европскиот и светскиот фудбалски врв”, велат од “Петровски Брадрс”.

Самиот Дарко Панчев, освојувачот на Купот на шампионите и “Златната копачка”, даде целосна поддршка за проектот.

“Мене ми се допадна идејата, ја прифатив и дадов максимална поддршка. Екипата е одлична и тоа е гаранција дека филмот ќе биде добар. Добро е за нашата држава да има еден ваков спортски филм, затоа што тоа ќе биде реклама и за Македонија”, изјави Панчев за МИА.

Извор: https://www.facebook.com/istorijaexyufudbala

Проектот е во фаза на развој и преговори со спонзори, а снимањето е планирано на локации во Македонија, Србија и Италија, земјите каде што “Кобра” ја градеше својата легендарна кариера.

Целата сторија на МИА можете да ја прочитате на следниот линк: Клик.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено