Фудбалскиот свет синоќа беше свртен кон Флорида, каде Интер Мајами и официјално го отвори својот нов, спектакуларен дом – „Nu Stadium“. Во атмосфера исполнета со емоции, гламур и легенди, Лионел Меси се погрижи овој ден да остане засекогаш запишан во клупските анали, иако Остин ФК се обиде да ја расипе забавата со ремито од 2-2.
За косопственикот Дејвид Бекам, ова беше круна на 13-годишното патување. „Ова е остварување на сонот. Ветив дека ќе донесам фудбалска магија во Мајами и денес тој сон е реалност,“ изјави емотивниот Англичанец пред почетокот на мечот.
Магијата на бројот 10: Првиот гол на Меси во новиот дом
Судбината сакаше симболиката да биде совршена. На стадионот каде една од трибините веќе го носи името „Меси“ (Messi Stand), најдобриот на сите времиња го постигна првиот гол за својот клуб во новата ера на новиот стадион.
Иако Остин шокантно поведе во 6-та минута, одговорот стигна набрзо. Во 10-та минута од натпреварот, човекот кој го носи бројот 10 на грбот, се најде на вистинското место по центаршутот на Иан Фреј и со редок, но прецизен удар со глава израмни на 1-1, предизвикувајќи делириум кај 26.000 навивачи.
It was ALWAYS going to be him. 💥
— Major League Soccer (@MLS) April 5, 2026
Leo Messi scores Miami’s first goal at Nu Stadium and pulls the hosts level! pic.twitter.com/p1mDk5NQk2
Драма во второто полувреме: „Ел Пистолеро“ стапи на сцена
Интер Мајами доминираше, но гостите од Тексас беа немилосрдни од контранапади. Во 53-та минута, по една изгубена топка на Меси на противничката половина, Џејден Нелсон повторно го шокираше Мајами за водство на Остин од 1-2.
Тренерот Хавиер Маскерано мораше да ги фрли сите карти на напад, па во игра го внесе легендарниот Луис Суарез. Популарниот „Ел Пистолеро“ уште еднаш покажа дека класата е вечна. Во 81-та минута, по корнерот на Меси, Суарез најдобро се снајде во мешаницата и ги постави конечните 2-2. Уругваецот постигна уште еден гол во финишот по одбиената топка од пречката по слободниот удар на Меси, но истиот беше поништен поради офсајд.
Нова ера за МЛС шампионот
Иако Интер Мајами не стигна до целосните три бода на премиерата, „Nu Stadium“ покажа дека ќе биде неосвоива тврдина. Со сопствен стадион по повеќе од една деценија чекање, клубот на Бекам сега има сè што е потребно за да продолжи со доминацијата во американскиот фудбал.



