Нејмар: „Претерувате! Ниту едно човечко суштество не може да го издржи ова!“

 

Објавено:

Враќањето на Нејмар во неговиот матичен Сантош, кое требаше да биде фудбалска романса, се претвори во вистински пекол. По поразот од Флуминенсе со 3:2 на култниот стадион „Вила Белмиро“, бразилската суперѕвезда се најде под жесток удар на сопствените навивачи, што предизвика бурна и емотивна реакција од фудбалерот на социјалните мрежи.

Иако Нејмар е жива легенда на клубот, навивачите не му простија за серијата лоши резултати. По последниот свиреж, стадионот ечеше од свирежи и навреди упатени директно кон 34-годишниот напаѓач. Нејмар беше снимен како го напушта теренот со прстите во ушите, што медиумите веднаш го протолкуваа како нервозен гест и провокација кон фановите.

„Морам да објаснувам зошто го чешам увото!“

Не помина долго пред Нејмар да се огласи на социјалните мрежи, видно вознемирен од начинот на кој медиумите и навивачите го третираат секој негов потег.

„Дојде денот кога морам да објаснувам зошто се почешав по увото! Луѓе, искрено, претерувате и ја преминувате секоја граница… премногу е тажно што морам да се справувам со ова! Ниту едно човечко суштество не може да го издржи ова“, напиша лутиот Бразилец.

Нејмар очигледно смета дека неговиот гест бил изваден од контекст и дека притисокот врз него станал нехуман, особено во моменти кога тој е главната мета на критики за кризата во која се наоѓа клубот.

Сантош на работ на амбисот

Иако Нејмар има солиден индивидуален учинок со четири гола и три асистенции на девет натпревари, неговите напори не се доволни да го извлечат тимот од калта. Сантос моментално се наоѓа на разочарувачкото 15-то место на табелата, со само три победи во 12 кола и само еден бод над зоната за испаѓање каде што се наоѓа нивниот голем ривал Коринтијанс.

Тензијата меѓу „десетката“ и јавноста во Сантос достигна точка од која можеби нема враќање. Додека Нејмар се бори со сопствените емоции и притисокот, клубот се соочува со реалната опасност од уште една катастрофална сезона.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено