(Видео) Барса на +11: Рашфорд и Фермин го срушија Хетафе

 

Објавено:

Барселона е пред својата 29-та титула во Ла Лига. Тимот на Ханси Флик максимално го искористи киксот на Реал Мадрид и славеше на гостувањето кај секогаш незгодниот Хетафе со 0-2. Со овој триумф, каталонскиот гигант сега има огромни 11 бодови предност пред „кралевите“ на само пет кола до крајот.

Математиката е јасна: Барса може да стане шампион веќе следниот викенд доколку слави над Осасуна, а Реал Мадрид не победи против Еспањол. Ако тоа не се случи, крунисувањето би можело да се случи на големото „Ел Класико“.

Фермин Лопез ја проби „тврдината“

Гостувањата кај Хетафе историски беа вистински кошмар за Барселона, а така изгледаше и денеска во поголемиот дел од првото полувреме. Домаќините беа цврсти во дефанзивата, но во последната минута од првиот дел потклекнаа.

Младиот Пау Кубарси уште еднаш покажа зошто е најдобар млад играч во лигата – украде топка на средината и испрати фантастично додавање до „маскираниот“ Фермин Лопез, кој ладнокрвно го матираше Давид Сорија за 0-1.

Контранападот на Рашфорд стави точка

Барселона денеска настапи без својата прва ѕвезда Ламин Јамал, па Флик му даде шанса на младиот Руни Бардџи. Сепак, клучниот потег беше влегувањето во игра на Маркус Рашфорд во 60-та минута.

Додека Хетафе бараше израмнување, Кубарси интервенираше во својот казнен простор, а топката стигна до Левандовски. Полскиот напаѓач веднаш го пронајде Рашфорд, кој ја претрча целата одбрана од сопствената половина и со неверојатна смиреност го постигна својот седми гол во Ла Лига за конечни 0-2.



Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено