„Секоја линија – надеж!“: ФФМ утре ги претставува новите дресови на Македонија

 

Објавено:

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе добие нов визуелен идентитет. Преку кратко видео објавено на социјалните мрежи, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) официјално ја најави промоцијата на новите дресови во кои ќе настапуваат нашите најдобри фудбалери.

Промоција закажана за утре во 11:00 часот

Со моќната порака „Секоја линија – надеж!“, ФФМ ја скокотка фантазијата на навивачите ширум државата. Од краткиот тизер кој беше објавен, може да се забележат контурите на новиот дизајн, каде јасно доминираат традиционалната црвена боја и деталите кои го симболизираат македонското сонце.

Официјалното претставување на новата опрема е закажано за утре, со почеток во 11:00 часот. Ова е важен момент за националниот тим, кој со освежен лик ќе влезе во претстојните репрезентативни предизвици. Очекувањата на спортската јавност се големи, а нацијата со нетрпение чека да види како ќе изгледа дресот кој фудбалерите ќе го носат со гордост.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено