Боите на бесмртноста: Приказната зад дизајнот на легендарната кацига на Сена

 

Објавено:

Кога возачите ќе ја здогледаа специфичната жолта боја во своите ретровизори, повеќето знаеја дека нивната судбина е запечатена. Освен ако не се викавте Алaн Прост, преттекнувањето беше неизбежно, исто толку сигурно како застанувањето во бокс или победничкиот подиум. Таа кацига не беше само заштита, таа беше симбол на концентрација кој и денес, 32 години подоцна, останува најпрепознатливиот дизајн во историјата на мотоспортот.

Магијата на Сид Моска создадена за пет дена

Креатор на овој визуелен идентитет е легендарниот бразилски уметник Клоасир Сиднеј Флај, познат како Сид Моска. Иако првичниот дизајн на Сена бил бел со сина лента, сè се сменило во 1979 година пред Светското првенство во картинг. Бразилскиот тим барал унифицирани бои за своите возачи, а Сид имал само пет дена да ја заврши мисијата.

Заедно со неговиот син Алан, тие одлучиле основата да биде жолта – боја која го претставува бразилскиот спорт и е видлива од огромна далечина. Зелената лента на врвот и сината лента долу симболизираат фокус и концентрација, излегувајќи директно од погледот на возачот.

Извор: https://www.mclaren.com

Алан Моска денес со гордост гледа на делото на неговиот татко: „Овој дизајн стана икона само затоа што Аиртон го носеше со таква одлучност и желба за победа“.

По завршувањето на првенството, Сена побарал дизајнот да остане само негов и ги замолил уметниците да не го повторуваат за ниту еден друг возач. Тој остана верен на тие зборови и ја ношеше истата препознатлива кацига до крајот на својата кариера.

Монако: Местото каде што легендата стана бесмртна

Иако Аиртон Сена е роден во Бразил, а својот статус на божество го запечати во Јапонија, токму низ тесните улици на Монако неговата ѕвезда сјаеше најсилно. Со рекордни шест победи, од кои пет беа остварени во низа, тој и по три децении од неговото заминување останува најуспешниот возач во историјата на оваа престижна патека. Сепак, неговиот прекар „Господар на Монако“ не беше заслужен само преку победите, туку преку квалификациските кругови кои денес се сметаат за чиста митологија.

Кулминацијата се случи во 1988 година, кога Сена го извозе она што многумина го сметаат за најсовршениот круг во историјата на спортот. Тоа не беше само возење, туку надворземско искуство кое самиот тој го опиша како суперприродно искуство каде веќе не возел свесно, туку со инстинкт во „друга димензија“. Тој спој на човекот и машината, нагласен со препознатливата жолта кацига која се провлекуваше низ тунелите на Монте Карло, го претвори Сена во симбол на непобедливоста.

Извор: https://www.mclaren.com

Дизајн кој стана глобален идол

Легендата за Сена е изградена на неговата способност на патеката, но неговата кацига е клучниот столб на тоа наследство. Како што вели Алан Моска, овој дизајн е едноставен, но стана исконски токму поради борбеноста, одлучноста и фокусот на човекот кој го носеше. Токму тие перформанси го направија дизајнот познат во секој агол на светот – од Бразил и Англија, па сè до Италија и Јапонија.

Ниту еден друг дизајн во Формула 1 не бил копиран или користен како инспирација толку често. Големите шампиони како Луис Хамилтон и Себастијан Фетел во одредени моменти од кариерата носеа варијации на овие бои, а секоја од тие кациги може да се проследи наназад до она што Алан и неговиот татко го создадоа за само пет дена пред повеќе од 44 години. За семејството Моска, Аиртон не беше само клиент, туку исклучителен човек и пријател чие отсуство сè уште предизвикува силен копнеж кој не може да се згасне со ниту едно видео од неговите трки. Нивното дело останува жив споменик на еден човек кој беше повеќе од возач – беше глобален идол.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено