По вчерашната тактичка војна во Минхен и успешното обезбедување на билетот за големото финале, ПСЖ решија на филмски начин да ја крунисаат својата досегашна кампања. Европскиот првак објави видео кое веднаш стана вирално, најавувајќи го својот пат до Будимпешта во стил кој доликува на вистински владетел.
Инспирирани од легендарната најавна шпица на серијата „Game of Thrones“, Парижаните го претставија својот европски поход низ креативна мапа. Како што се подигнуваат замоците во Вестерос, така во видеото се прикажани градовите и стадионите кои паднаа пред „светците“ на Луис Енрике, водејќи ја приказната сè до финалната дестинација во Унгарија.
Оваа креативна најава не е само маркетинг трик, туку симболична порака до нивниот следен ривал, Арсенал дека ПСЖ не планира лесно да го отстапи својот престол. На 30 мај, во Будимпешта, нè очекува последната епизода од оваа сезона, каде ќе дознаеме дали круната ќе остане во Париз или ќе се пресели во Лондон.
Погледнете го видеото и уживајте во овој спортско-филмски спектакл:
Road to Budapest ! ⚔️#UCL pic.twitter.com/MwwxRtc67q
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) May 7, 2026



