Селекторот на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, на спектакуларен начин го објави конечниот список од 26 фудбалери кои ќе ги бранат боите на земјата на Светското првенство 2026 во Канада, Мексико и САД. Пред самото обраќање на Барбарез, беше прикажано филмско видео, приказна за храброста, националниот гордост и генерацијата која патува преку океанот за да го исполни сонот на целата нација.
„Змејовите“ влегуваат во историјата како првата репрезентација која го објави својот официјален и конечен состав за претстојниот Мундијал, без калкулации и прелиминарни листи.
Video koji izaziva ponos…🇧🇦
— Emin Gradaščević (@GradascevicEmin) May 11, 2026
Sergej Barbarez objavio je na sjajan način spisak 26 Zmajeva koji će nositi naš grb na Svjetskom prvenstvu u Kanadi, Meksiku i SAD-u. Naime, prije njegovog obraćanja, prikazan je moćan, dirljiv video, koji je priča o hrabrosti, ponosu i generaciji… pic.twitter.com/NNbhe9fCdo
Вечниот Един Џеко: Лидер на 40 години!
Главното име на списокот е легендарниот капитен Един Џеко. На 40-годишна возраст, напаѓачот на Шалке 04 ќе се приклучи на елитното друштво на ветерани како Роже Мила, Кристијано Роналдо и Лука Модриќ, кои настапиле на Мундијал по влегувањето во петтата деценија од животот.
За Џеко ова е второ Светско првенство по дебито во 2014 година, а неговото искуство ќе биде клучно за младиот состав на Барбарез. Покрај него, тука е и Сеад Колашинац, уште еден „преживеан“ од генерацијата од Бразил, кој сè уште го држи рекордот за најбрз автогол во историјата на првенствата.
Спој на искуство и надежни млади таленти
Барбарез, кој го презеде тимот во април 2024 година, изгради состав кој се базира на силно заедништво. Меѓу новите имиња кои будат надеж се 18-годишниот Керим Алајбеговиќ од РБ Салцбург (кој се враќа во Баер Леверкузен) и 21-годишниот Есмир Бајрактаревиќ, кој блескаше во дресот на шампионот ПСВ Ајндховен.
„Ова заедништво е темел на сè. Мојата желба е да влеземе во јули (елиминациската фаза), а потоа сè е можно“, изјави емотивниот Барбарез на прес-конференцијата во Сараево.
Пеколен распоред во Групата Б
БиХ го обезбеди својот пласман на Мундијалот по драматичната победа над Италија на пенали во баражот. Патот во Северна Америка ги носи низ тешка група:
- 12 јуни: Против домаќинот Канада во Торонто.
- Следна станица: Дуел против Швајцарија во Инглвуд.
- Затворање на групата: Против Катар во Сиетл.



