Она што се чекаше повеќе од две децении, вечерва конечно стана реалност. Во моментот кога судијата означи крај на натпреварот во Борнмут, каде Манчестер Сити ги загуби клучните бодови (1:1), во Северен Лондон започна најголемата фудбалска лудница во модерната историја на англискиот фудбал. Арсенал е нов шампион на Англија, а навивачите во пабовите и на улиците ја слават титулата која ја чекаа 22 години.
Социјалните мрежи за неколку минути беа преплавени со вирални видеа и емотивни реакции од целиот свет. Најжешко е во северен Лондон, каде фановите на Арсенал се собрани во пабовите каде се следеше секоја секунда од мечот меѓу Борнмут и Манчестер Сити.
Твитер, Инстаграм и ТикТок буквално „горат“ од честитки, а навивачите на Арсенал вечерва дефинитивно ја имаат најдолгата ноќ во своите животи.
Погледнете ја реакцијата на последниот свиреж на судијата кој го запали Лондон вечерва:
🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨#Arsenal fans' celebrations outside the Emirates Stadium ♥️🏆 pic.twitter.com/BkA8Tz49cc
— HeroFPL هيرو (@HeroFPL1) May 19, 2026
🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨#Arsenal fans’ celebrations outside the Emirates Stadium ♥️🏆 pic.twitter.com/F2yjCTYF8q
— HeroFPL هيرو (@HeroFPL1) May 19, 2026



