10.8 C
Skopje

Историски успех за македонската атлетичарка Андријана Поп Арсова

Објавено:

Македонската атлетика на радост на сите љубители на спортот, повторно бележи историски успех. Андријана Поп Арсова се пласираше на Светското првенство во атлетика, кое ќе се одржи во Токио од 13 до 21 септември.

Андријана со остварен критериум преку ранкинг ситемот на светската атлетика, успеа да се пласира меѓу најдобрите 100 атлетичарки во светот.

Таа ќе се натпреварува во дисциплината маратон, каде со гордост ќе ги претставува боите на Македонија.

Извор: Атлетска Федерација на Македонија

Адријана е првата атлетичарка во македонската историја што ќе настапи на три светски првенства по ред (Орегон, Будимпешта, Токио) од кои на две првенства е исполнет критериумот за учество.

Ова е огромен успех за македонската атлетика и доказ за континуираниот напредок, посветеност и вложување во нашите врвни спортисти.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено