Во 2018 година, престижниот тениски турнир го прослави своето 50 годишно постоење со додавање на легендарни моменти на еден постер.
На сцената која го прикажува Централниот терен на Вимлдон низ годините потоа беа додавани уште легендарни моменти, а со текот на времето овој постер стана навистина легендарен.
Сега, во 2025 година, на него се прикажани моментите како на пример ракувањето на Надал со шпанскиот принц после неговата легендарна победа над Роџер Федерер во 2008 година.

На постерот има и моменти кои оддаваат почит на легенди на тенисот, како што се Џон Мекенро, Иснер кој е искачен покрај таблата за резултат, победата на Ѓоковиќ и слично.
На интернет сега се појави видео кое е инспирирано од овој постер и ги прикажува реалните снимки од моментите кои се претставени на постерот.
Не можевме да најдеме кој точно го има направено, но кој и да е, секоја чест! Уживајте…
Wowwww they made an iconic video from this iconic poster. Wonderful pic.twitter.com/7iaYzQ33gf https://t.co/26WBNxbPsi
— SK (@Djoko_UTD) July 1, 2025



