Операција Хулиан! Барселона тргна по потписот на Алварез со понуда од 100 милиони евра!

 

Објавено:

По комплетирањето на мега-трансферот на Ентони Гордон, каталонскиот гигант Барселона нема намера да запре и веќе ја започна следната спектакуларна офанзива на пазарот. Како што експресно пренесе најсигурниот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, но и шпанските медиуми, „блауграна“ е во сериозно брзање да го договори аргентинскиот голгетер Хулиан Алварез од Атлетико Мадрид.

Спортскиот директор Деко вчера попладне во хотел во Барселона одржал клучна и тајна средба со агентот на фудбалерот, Фернандо Идалго, каде што биле дефинирани почетните чекори на оваа операција. На состанокот присуствувал и познатиот менаџер Хуанма Лопез, кој поради своите одлични врски со „јорганџиите“ (каде ја помина целата играчка кариера) треба да го отклучи и олесни овој трансфер.

Чист кеш без размени, понудата се испраќа деновиве

Барселона подготвува официјална понуда која во Мадрид ќе пристигне во следните неколку денови. За разлика од претходните шпекулации, предлогот на Каталонците НЕМА да вклучува никакви играчи или опции за размена. На маса ќе биде ставена фиксна сума во регионот од 100 милиони евра, која со дополнителни варијабили и бонуси ќе биде прифатлива за раководството на Атлетико Мадрид.

Иако Атлетико претходно работеше на обновување на неговиот договор за да го направи најплатен играч во клубот со 10 милиони евра плата, самиот 26-годишен напаѓач веќе му порачал на раководството дека му дава апсолутен приоритет на преминот на „Камп Ноу“. Ниту една од двете страни не сака ова да се претвори во напорна летна сапуница, па целта е сè да биде завршено брзо.

„Трансферот на Гордон не е поврзан со преговорите за Хулиан Алварез. Барса сака да ги започне и заврши преговорите пред почетокот на Светското првенство за да ги предупреди и елиминира останатите заинтересирани клубови,“ пренесува Фабрицио Романо.

Пеколен напад за Ханси Флик пред почетокот на Светското првенство

Брзањето на Деко и претседателот Жоан Лапорта има јасна математика. Барселона сака да го официјализира трансферот пред 17 јуни, кога репрезентацијата на Аргентина го игра својот прв натпревар на Светското првенство против Алжир, со цел цената на Алварез дополнително да не експлодира по Мундијалот.

Германскиот стратег Ханси Флик, кој неодамна го продолжи договорот со клубот до 2028 година, во Хулиан Алварез ја гледа идеалната класична „деветка“ која ќе ја пополни празнината по заминувањето на Роберт Левандовски. Со веќе договорениот Ентони Гордон на крилната позиција и неверојатниот Ламин Јамал, Барселона за следната сезона подготвува застрашувачко офанзивно трио кое веќе предизвикува паника во Ла Лига.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено