Официјално: Ентони Гордон е нов играч на Барселона! Трансфер подготвуван низ години напорна работа и верба

 

Објавено:

Една од најбрзите и најконкретните трансфер-операции во поновата фудбалска историја доби своја официјална разврска. Англискиот репрезентативец и досегашен член на Њукасл Јунајтед се сели на „Камп Ноу“. Каталонскиот гигант преку својот официјален сајт го потврди трансферот со наслов Anthony Gordon becomes an FC Barcelona player.

Договорот е потпишан на пет сезони, со важност до јуни 2031 година, а офанзивецот ќе му се приклучи на тимот предводен од Ханси Флик веднаш по завршувањето на претстојното Светско првенство.

Од работничките населби во Ливерпул до фудбалскиот врв

За да се разбере профилот на играчот кој Барселона го доведе во своите редови, мора да се навратиме на неговите почетоци. Роден на 24 февруари 2001 година во Киркдејл, една од најпознатите работнички населби во фудбалски фанатичниот Ливерпул, Гордон своите први фудбалски чекори ги направи во академијата на ФК Ливерпул. Сепак, на 11-годишна возраст преминува во ривалскиот Евертон, каде го трасира својот пат кон професионализмот.

Неговиот талент блесна рано. Дебитираше за првиот тим на Евертон на само 16 години во натпревар од Лига Европа, додека своето деби во Премиер лигата го забележа на 18-годишна возраст. По четири и пол сезони на „Гудисон Парк“ (и кратка позајмица во Престон), Гордон прерасна во клучен играч кој му помогна на Евертон да избегне испаѓање од лигата, пред да направи трансфер во Њукасл во јануари 2023 година.

Во дресот на „Страчките“, тој целосно созреа. Уште во својата прва целосна сезона таму забележа 12 голови и 10 асистенции, закитувајќи се со признанието за играч на сезоната. Својот континуитет го потврди и минатата натпреварувачка година (2025/26), која ја заврши како најдобар стрелец на Њукасл и фудбалер со најмногу успешни дриблинзи во тимот. Неговата брзина и, што е најважно, неверојатната работна етика во дефанзивата, го етаблираа меѓу најдобрите крилни играчи во Европа. Неговиот квалитет на своја кожа го почувствува токму Барселона, против која има одиграно три одлични натпревари во Лигата на шампионите, што дефинитивно го запечати интересот и трансферот во каталонскиот гигант.

Подготовката која ја импресионираше Шпанија

Ако фудбалскиот свет беше изненаден од брзината на трансферот, шпанската спортска јавност остана без зборови за време на неговото официјално претставување пред медиумите.

Традиционално, англиските фудбалери ретко покажуваат полиглотки способности при трансферите во странство. Но, Гордон дојде повеќе од подготвен. На својата прва прес-конференција, тој одговараше на прашањата на течен шпански јазик, откривајќи една фасцинантна анегдота за неговата амбиција

Posts from the soccer
community on Reddit


„Верувале или не, учев шпански јазик бидејќи отсекогаш знаев дека еден ден ќе играм за Барса. Имав физиотерапевт во Њукасл со кој секој ден зборував на шпански, и постојано му велев дека мојот сон е еден ден да го облечам овој дрес,“ изјави Гордон.

Но, тука не застана изненадувањето. За целосно да ги освои срцата на домашните навивачи, 25-годишниот Англичанец без проблем возврати и на неколку фрази на каталонски јазик (истакнувајќи „Estic molt feliç“ – Многу сум среќен), што предизвика лавина позитивни реакции на социјалните мрежи. Навивачите масовно коментираат дека ретко се гледа играч кој со таква посветеност пристапува кон културата на новиот клуб уште од првиот ден.

Anthony Gordon not only speaks Spanish, he is now speaking in Catalan
by u/cocacolapepsifanta in soccer


Ентони Гордон доаѓа во систем каде неговиот профил идеално се вклопува. Ханси Флик преферира играчи со висок интензитет, константен пресинг и брза транзиција, карактеристики кои Англичанецот усовршено ги презентираше во Премиер лигата. Овој трансфер јасно покажува дека Барселона гради тим со сериозна стратегија, фокусирајќи се на играчи кои поседуваат и талент и нескриена желба да го носат сино-црвениот дрес.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено