Како што се загрева атмосферата за Светското првенство, така започнува и традиционалната војна на големите спортски брендови на телевизиските екрани. Изминативе денови, американскиот гигант Најк (Nike) ја запали глобалната јавност со лансирањето на својата најнова мундијалска кампања, која веднаш предизвика масовни дебати и носталгични споредби на социјалните мрежи. Прашањето кое сите го поставуваат е едноставно: Дали новиот холивудски проект може да ја собори од тронот култната реклама со која израснаа генерации фудбалски фанови?
Новиот холивудски блокбастер: „Rip the Script“ (2026)
Новата реклама на Најк насловена како „Rip the Script“ не е обичен комерцијален спот, туку вистински краток блокбастер филм кој трае нереални 6 минути. Дејството е сместено во огромно холивудско студио каде што режисерот се обидува да им диктира тактички правила на фудбалерите, по што тие решаваат целосно да го скинат сценариото и да направат креативен хаос на сетот.
Кастингот е застрашувачки моќен. Модерните суперѕвезди како Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор, Ерлинг Холанд и Кристијано Роналдо ги покажуваат своите луди вештини на теренот, а друштво им прават вечните легенди како Роналдињо, Златан Ибрахимовиќ, Дидие Дрогба, Ерик Кантона и ексцентричниот мексикански голман Хорхе Кампос. За да биде шоуто комплетно во американски стил, во рекламата има спектакуларни појавувања и од поп-културните икони како Леброн Џејмс, Тревис Скот, Ким Кардашијан и Џејсон Судеикис во својата култна улога како Тед Ласо.
It was all going to plan until instincts took over…
— Nike (@Nike) June 4, 2026
Rip The Script pic.twitter.com/la43icZaAu
Култната класика од училишните денови: „Olé“ (2004)
Од другата страна на оваа дигитална битка стои вечната референца од пред 22 години – незаборавната реклама „Olé“ лансирана пред Европското првенство во Шпанија и Португалија во 2004 година. Многумина ја споредија новата реклама дека е копија на онаа од истиот бренд во 2004 година. Сценариото тогаш беше многу поедноставно, но со неверојатен фудбалски дух. Пред почетокот на голем натпревар во тунелот, Луис Фиго со ладнокрвен потег му ја протна топката низ нозе на феноменот Роналдо (Р9) и извика „Оле!“.
Тој момент започна улична револуција. Комплетните состави на Бразил и Португалија заборавија на протоколите на судиите и почнаа брутална битка со трикови низ целиот стадион. Тогаш јавноста за првпат го виде младиот Кристијано Роналдо во акција, заедно со магијата на Роналдињо, топовскиот шут на Роберто Карлос, Денилсон, Франческо Тоти и незаменливиот Ерик Кантона во улога на судија. Оваа реклама буквално го дефинираше уличниот фудбал на раните 2000-ти и стана заштитен знак на една цела фудбалска ера.
This is cool but the 2004 "Ole" advert said hold my beer 🇵🇹🇧🇷🍺 https://t.co/DdnKWufUZs pic.twitter.com/MtUx7HW8OH
— TheEuropeanLad (@ThaEuropeanLad) June 4, 2026
Двете видеа веќе се вртат со милионски прегледи, а ние ве прашуваме вас: Која е подобра? Погледнете ги видеата и оценете сами!



