(Видео) Го сакаме Вардар, го сакаме Мечка, ама оваа најава за ЛШ е дефиниција за „кринџ“!

 

Објавено:

Претходно денеска веќе објавивме сериозна статија со која информиравме дека РК Вардар 1961 доби вајлд-карта и се враќа во елитата на Лигата на шампионите. И сите сме навистина пресреќни за тоа! Ние во Спортска Станица бескрајно го сакаме македонскиот спорт, го почитуваме секој наш клуб, а посебно го обожаваме кружниот напаѓач Милан Лазаревски – Мечка.

Што е „кринџ“ на македонски?

Но, бидејќи нашата TrollStation рубрика и нашата идеологија воопшто налага да бидеме брутално искрени, мораме да признаеме една работа. Искрено, не сме баш сигурни како лингвистички точно се преведува зборот „кринџ“ на македонски јазик (дали е тоа „туѓ срам“?), ниту пак знаеме научно да го дефинираме овој модерен феномен.

Сепак, едно знаеме со апсолутна сигурност, новото промотивно видео на клубот е мајката на сите кринџови! Глумата на Мечка, претерано драматичен телефонски повик од тренерот Иван Чупиќ со пораката „заврши одморот“, е видео кое ќе ве натера истовремено да се смеете и малку да ви биде незгодно од „Оскаровскиот“ перформанс.

Секоја чест за креативната идеја и желбата да се доближат до навивачите, но се надеваме дека момците ќе бидат многу подобри на ракометниот терен отколку пред филмските камери!

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено