4.8 C
Skopje

Ноер со отворена критика за Донарума

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на вчерашниот натпревар помеѓу ПСЖ и Баерн Минхен во рамките на Светското клупско првенство, се случи немил настан во кој беше повреден Џамал Мусијала после контактот со голманот Донарума.

Тренерот ја нарече повредата “несреќа”, но искусниот голман Мануел Ноер не беше толку мек во зборовите, па упати критика кон неговиот колега од противничкиот тим.

Извор: https://x.com/brfootball

“Тоа беше ситуација во која не мораше да влезе така. Тоа беше многу ризично. Тој беше подготвен да го прифати ризикот дека може да го повреди неговиот противник”, изјави Ноер после натпреварот.

“Јас отидов до него и му реков: ‘Нели сакаш да одиш и да видиш како е нашиот играч?’. Знаете тоа е знак на почит, да отидеш и да му посакаш на играчот сè најдобро. Потоа тој го направи тоа. Тоа отсекогаш било дел од фер-плеј играта. Јас би изреагирал поинаку”, додаде ветеранот на голот на Баерн.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено