2.8 C
Skopje

Нов повеќегодишен договор за Оскар Пиастри во Мекларен

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Тимот на Мекларен во Формула 1, денес објави дека потпишале продолжување на договорот со возачот Оскар Пиастри, но иако стои дека договорот е повеќегодишен, сè уште не е познато за колку точно години станува збор.

Оскар прв пат почна да вози за Мекларен во 2023 година со договор кој траеше до 2026 година, но после извонредните изданија на младиот шофер тимот кој минатата година го освои шампионатот за механичари изгледа побрза да го обезбеди во нивните редови и за идните години.

Извор: https://www.mclaren.com/racing

На интернет веќе се шират шегите дека менаџерот на тимот, Зек Броун, во неодамна објавената нова сезона на серијата “Drive to Survive” слушна дека Кристијан Хорнер од Ред Бул би го одбрал Пиастри за возач во тимот, па побрза да му даде нов договор пред до него да дојде тимот на Ред Бул.

Во секој случај, Пиастри и тоа како го заслужи местото во тимот, пружејќи импресивни изданија уште од неговата дебитантска година, кога успеа да заврши на подиумот во Јапонија и Катар, како и да победи во една спринт трка.

Извор: https://www.mclaren.com/racing

Во 2024 година, 23 годишниот Австралијанец ги освои трките за Големата награда на Унгарија и Азербејџан, а се искачи на подиумот и на трките во Монако, Австрија, Белгија, Монца, Сингапур и Катар, каде победи и во спринт трката.

На минатогодишната табела на најдобри возачи тој заврши на четвртото место, што е навистина значајно ако се земе во предвид дека тоа беше само втора негова сезона во елитата на Формула 1 натпреварувањата.

Формула 1 се враќа на екраните овој викенд со неговата домашна трка во Австралија, па сигурно ќе видиме уште многу одлични изданија на Оскар Пиастри во тимот на Мекларен и оваа сезона.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено