Новинар го остави Мареска без зборови, го победи со факти

 

Објавено:

“Ние одигравме 63 натпревари оваа сезона! Европските клубови дојдоа на ова натпреварување поинаку од јужноамериканските (вклучувајќи го и Флуминенсе), кои имаат одиграно помалку натпревари. Условите се поразлични за едните и за другите…”, изјави Мареска, повторно форсирајќи ја нарацијата дека европските клубови одиграа на незадоволително ниво на овој турнир поради “презафатениот распоред”.

Но, новинарот веднаш побрза да го поправи: “Но, Флуминенсе има одиграно 70 натпревари оваа сезона. Во ист период како и вашиот клуб. Тоа се повеќе натпревари”.

И Мареска немаше одговор. Ниту еден збор за да му врати на новинарот.

Интересно е дека нарацијата за европските клубови започна уште на самиот старт на првенството – тие велеа дека повеќето гиганти не се на ниво на задачата поради огромниот премор од сезоната, дека имаат одиграно премногу натпревари и дека нивниот распоред е пренатрупан во однос на другите нации кои играа на Светското клупско првенство.

И иако се согласуваме дека овој турнир можеби е премногу дури и за љубителите на фудбал кои едноставно сакаа да одморат од гледање натпревари и за играчите кои сакаат да се рехабилитираат, сепак уште на самиот старт јужноамериканците на социјалните мрежи пишуваа дека нивните клубови имаат одиграно повеќе натпревари, а тоа особено се однесуваше на бразилските тимови.

Инаку, сите четири бразилски тима ја поминаа групната фаза и одиграа вистински спектакли од натпревари против европските гиганти, па ниту малку може да им се одземе од заслугите за таа игра и победи. Тие дојдоа на овој турнир гледајќи го како шанса да докажат дека играат светски фудбал со играчи кои се на врвно ниво, а сега кога сме на прагот на полуфиналето, каде Флуминенсе единствен гордо стои покрај трите европски гиганти, може да кажеме дека сосема заслужено се најдоа тука.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено