Барди ја губи лентата? ФФМ го претстави Столе Димитриевски како капитен на Македонија

 

Објавено:

Фудбалската јавност во Македонија сè уште ги анализира изјавите од пресот на нашата делегација во Љубљана, но еден ситен, но исклучително важен детаљ во официјалното соопштение на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) помина речиси незабележано. Дали националниот тим добива нов лидер на теренот пред клучниот дуел со Словенија?

Капитенската лента се сели кај Столе?

Барем според текстот објавен на официјалната веб-страница на фудбалската федерација, капитенската лента утревечер на стадионот „Стожице“ ќе ја носи нашиот најстандарден репрезентативец, голманот Столе Димитриевски.

Во извештајот во кој беа пренесени очекувањата на стручниот штаб и играчите пред утрешниот дуел, ФФМ јасно напиша:

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

„Капитенот Столе Димитриевски, пак, истакна дека репрезентативците разговарале за пропустите од првиот натпревар и дека сега фокусот е целосно насочен кон Словенија“…

Оваа титулација доаѓа како изненадување ако се земе предвид дека досегашниот капитен Енис Барди не е повреден. Напротив, играчот за врска нормално го одработи вечерашниот официјален тренинг во Љубљана и може да се забележи на фотографиите објавени од самата федерација.

Извор: https://www.facebook.com/ffm.mk

Тактички рез на Седлоски или административна грешка?

Се поставува логичното прашање: Дали ова е суптилен начин на ФФМ да ни ја најави една од најголемите промени за кои зборуваше селекторот Седлоски на прес-конференцијата? Тој децидно најави „освежување во составот, во повеќе линии“ по бледото издание против Швајцарија (0-3).

Дали тоа значи дека Барди утревечер ќе се најде на клупата за резервни фудбалери поради лошата форма, препуштајќи му го лидерското место на искусниот чувар на мрежата кој беше и единствената светла точка во Скопје? Или пак, можеби станува збор само за несакана техничка грешка од страна на администраторите на веб-страницата на ФФМ кои во брзање му ја доделиле лентата на голманот?

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

Димитриевски со својот константен квалитет, лојалност и настапи дефинитивно заслужува да ја носи капитенската лента на националниот тим. Одговорот на оваа интригантна дилема ќе го дознаеме утревечер, непосредно пред почетокот на натпреварот (20:45 часот), кога и официјално ќе бидат објавени стартните единаесетмина.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 
Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 

Тазе објавено