ДЕНЕС ИГРА МАКЕДОНИЈА: Изгубената тврдина, инвазијата на „Тартан армијата“ и битката за гордост!

 

Објавено:

Скопје веќе дише во фудбалски ритам, но сликата низ улиците е малку поинаква од она на што сме навикнати. Вчера низ центарот на градот имавме можност да се дружиме и дури да изиграме партија уличен фудбал со припадниците на „Тартан армијата“ – дефинитивно една од најдобрите, највеселите и најпозитивните навивачки групи во светот. Официјалните најави велат дека вечерва на Арената „Тодор Проески“ ќе бидат присутни дури 3.200 шкотски навивачи.

А колку ќе бидеме ние? Тоа останува тажна енигма. Нашиот апел до ФФМ да ги отвори портите за сите и да не го прави фудбалот луксуз за богатите со билети од 1.800 денари, за жал, наиде на затворени врати и молк. Реална е опасноста вечерва, среде Скопје, шкотските гајди и песни да бидат погласни од нас, па да се чувствуваме како гости на сопствениот стадион. Сепак, ако има некоја светла точка на вечерашниот натпревар, тоа секако се гостинските навивачи кои со својата енергија го направија барем на неколку дена Скопје да изгледа како фудбалски домаќин.

Противник во криза кој доаѓа по лесен плен во Скопје

Реалноста е дека и Шкотска воопшто не е во сјајна позиција. Нивниот биланс во 2026 година е прилично лош, со само три победи, едно реми и дури пет порази. Иако играа на Мундијалот (каде забележаа една победа над Хаити и порази од Мароко и Бразил), исто како и Македонија, Шкотите немаат постигнато ниту еден гол во првите два натпревари од Лигата на нации, ремизирајќи 0:0 со Словенија и губејќи со 0:3 од Швајцарија.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

Но, она што навистина боли како љубители на македонскиот фудбал е перцепцијата која ја создадовме за себе. Некогаш Скопје беше тврдина каде и најголемите светски велесили доаѓаа со респект и страв од пеколот на трибините и борбеноста на теренот. Денес, новиот селектор на Шкотска, Себастиен Покоњоли, отворено изјавува дека неговиот тим мора да тргне од нула во Скопје за да покаже нешто подобро, децидно порачувајќи дека мораат да победат доколку сакаат да напредуваат. Ова е јасен доказ колку сме го загубиле имиџот – сега репрезентациите доаѓаат тука со олеснување, гледајќи шанса за својата прва победа и излез од сопствената криза.

Дополнителен мотив за гостите ќе биде и нивниот лидер Енди Робертсон, за кого евентуалниот настап вечерва би бил јубилеен 100-ти натпревар за националниот тим.

Историјата вели: Една победа, едно реми и болни порази

Низ историјата, Македонија и Шкотска имаат одиграно вкупно четири натпревари, сите во рамките на квалификациите за Светските првенства (за 2010 и 2014 година). Билансот е една победа за Македонија, едно реми и две победи за Шкотска.

Секако, најдраг спомен ни е првата пресметка во Скопје во септември 2008 година, кога Македонија славеше со 1:0 благодарение на голот на Илчо Наумоски уште во 5. минута. Следеа два натпревари на култниот „Хемпден Парк“ во Глазгов – пораз од 2:0 во 2009 година и реми од 1:1 во 2012 година (со голот на Николче Новески).

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

Последниот меѓусебен дуел се одигра токму во Скопје во 2013 година, кога доживеавме болен пораз од 1:2. Откако Јован Костовски израмни во 84. минута, Шкотите во самиот финиш стигнаа до победничкиот погодок.

Вечерва е време за нов почеток. Без разлика на сè, 11-те момци кои ќе истрчаат на теренот мора да изгинат за дресот. Време е да се покаже карактер, да се прекине голгетерскиот пост и да им се докаже на гостите дека Скопје не е станица за лесно враќање на самодовербата!

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 
Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 

Тазе објавено