Football Meets Data потврди, Македонија за првпат во историјата во Шешир 3 пред ждрепката за Европско

 

Објавено:

По серијата депресивни резултати, бледи изданија и дури седум натпревари по ред без постигнат гол под водство на актуелниот селектор, конечно пристигнува една светла и позитивна вест за македонскиот национален тим. За првпат во нашата фудбалска историја, Македонија ќе биде сместена во Шешир 3 за претстојната ждрепка за квалификациите за Европското првенство во 2028 година.

SportStation

ПРОЕКТИРАНИ ШЕШИРИ: ЕУРО 2028

Анализа и проекција на Football Meets Data (со сите национални знамиња)
ШеширРепрезентации
ШЕШИР 1 🇵🇹 Португалија (✅), 🇪🇸 Шпанија, 🇫🇷 Франција (✅), 🇳🇱 Холандија (✅), 🏴󠁧󠁢󠁥󠁮󠁧󠁿 Англија, 🇬🇷 Грција (✅), 🇧🇪 Белгија, 🇩🇰 Данска, 🇮🇹 Италија (✅), 🇩🇪 Германија, 🇭🇷 Хрватска, 🇳🇴 Норвешка
ШЕШИР 2 🏴󠁧󠁢󠁷󠁬󠁳󠁿 Велс, 🇷🇸 Србија, 🇹🇷 Турција, 🇨🇿 Чешка, 🇨🇭 Швајцарија, 🇸🇪 Шведска, 🇦🇹 Австрија, 🇬🇧 Северна Ирска, 🇧🇦 БиХ, 🇭🇺 Унгарија, 🏴󠁧󠁢󠁳󠁣󠁴󠁿 Шкотска, 🇽🇰 Косово
ШЕШИР 3 🇸🇮 Словенија, 🇮🇪 Р. Ирска, 🇺🇦 Украина, 🇵🇱 Полска, 🇬🇪 Грузија, 🇮🇱 Израел, 🇲🇰 МАКЕДОНИЈА, 🇷🇴 Романија (✅), 🇲🇪 Црна Гора, 🇸🇰 Словачка, 🇮🇸 Исланд, 🇫🇮 Финска
ШЕШИР 4 🇦🇱 Албанија, 🇨🇾 Кипар, 🇪🇪 Естонија, 🇲🇩 Молдавија, 🇧🇾 Белорусија, 🇦🇲 Ерменија (✅), 🇱🇺 Луксембург, 🇫🇴 Фарски Острови, 🇰🇿 Казахстан, 🇧🇬 Бугарија, 🇱🇻 Летонија (✅), 🇸🇲 Сан Марино
ШЕШИР 5 🇲🇹 Малта (✅), 🇬🇮 Гибралтар (✅), 🇱🇹 Литванија (✅), 🇦🇩 Андора (✅), 🇦🇿 Азербејџан (✅), 🇱🇮 Лихтенштајн (✅)

(✅) = Математички потврден статус според пласманот во Лигата на нации

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
Награда за минатиот труд! Наследството на Мрме и Милевски

Иако актуелната слика на теренот е крајно очајна, ова историско достигнување не паѓа од небо, ниту пак е резултат на моменталната форма. Нашето место во третиот по ранг барабан е директен плод на долгогодишните успеси, континуитетот и бодовите собрани од страна на претходните раководства на ФФМ, како и успешните епохи под водство на поранешните селектори Игор Ангеловски – Мрме и Благоја – Боби Милевски. Нивните историски резултати го кренаа националниот рејтинг до ниво кое сега ни овозможува исклучително поволна стартна позиција, и покрај актуелниот резултатски колапс во кој се наоѓаме.

Потврда од „Football Meets Data“

Специјализираната платформа за фудбалска статистика и проекции, Football Meets Data, преку своите најнови анализи официјално ги потврди проекциите за квалификациските шешири. Според нивните податоци, Франција и Италија веќе го осигураа своето место во елитниот Шешир 1, Романија ни се придружува во Шешир 3, додека репрезентациите како Ерменија и Летонија се потврдени за Шешир 4.

Истите симулации ги анализираат и шансите на сите европски селекции да се најдат на завршниот турнир преку различни рути (освојувачи на групи, најдобри второпласирани или преку плеј-оф), каде што Македонија сè уште е во игра, иако процентите не се на наша страна по последните настапи.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

Останува искрената надеж дека овој историски пласман во Шешир 3 ќе ни донесе поволна ждрепка која ќе ги зголеми нашите шанси. Но, пред сè, се надеваме дека со некоја „интервенција од небото“ работите конечно ќе се променат и дека црната фудбалска серија која ни се случува во моментов, навреме ќе биде прекината пред стартот на новите квалификации.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 
Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 

Тазе објавено