Светлина во репрезентативниот мрак, Гаштаров со срце и ‘cojones’ ја презеде одговорноста

 

Објавено:

Уште на 27 септември, реномираната фудбалска лабораторија CIES Football Observatory го објави својот престижен индекс за најдобри млади играчи од средниот ред до 22 години на глобално ниво. На таа листа, рамо до рамо со суперѕвезди како Џоб Белингам од Борусија Дортмунд и Коби Меину од Манчестер Јунајтед, со висок индекс од 79.0 се најде и македонскиот бисер Матеј Гаштаров, кој моментално ги брани боите на Црвена звезда.

Ова високо признание од аналитичарите на CIES беше само увертира за она што следуваше на теренот.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
Покажа ‘cojones’ во најтешкиот момент во историјата

Иако во репрезентацијата на Македонија влезе во веројатно најтешкиот, најцрниот и најфрустрирачкиот период во нејзината историја, младиот Гаштаров на последните настапи покажа нешто што одамна им недостасува на многумина – ‘cojones’. Во моменти кога црвено-жолтиот дрес натежна од притисок и апатија, ова момче истрча на теренот без страв, подготвено да ја преземе одговорноста.

Неговата борбеност и став, барем за милисекунда, успеаја да ја симнат бруката од овој ужасен четиримечевен циклус. Македонија ја продолжи црната низа на дури 8 натпревари по ред без постигнат гол и без создадена 100% шанса, но Гаштаров покажа дека за него репрезентативниот дрес е светиња и дека поседува карактер што е примарен услов за носење на тој грб.

Младите мора да го преземат кормилото

Навивачите на македонската репрезентација се уморни од изговори. Затоа, се молиме и искрено се надеваме дека ова ќе стане пракса – вакви млади, талентирани и безкомпромисни момци да ја преземат одговорноста во свои раце. Независно од (не)способноста на оние што ги водат од клупата и од федерацијата, токму оваа нова генерација треба да донесе нови радости и конечно да ги исполни срцата на верната македонска публика.

Браво момче! Со ваков карактер, работна етика и храброст, границите не постојат. Едвај чекаме да видиме каква ли само ќе биде следната анализа на CIES за твојот потенцијал…

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 
Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 

Тазе објавено