Гогов и Чупиќ брутално искрени, Вардар не смее да ги разочарува овие навивачи!

 

Објавено:

Поразот од 26-32 против полска Висла Плоцк во третото коло од Лигата на шампионите остави длабока лузна во соблекувалната на РК Вардар 1961. Македонскиот шампион не успеа да пронајде решение за гранитната полска одбрана, но она што најмногу ги заболе „црвено-црните“ не беше самиот резултат, туку реакцијата на трибините во СЦ „Јане Сандански“.

Наместо свирежи и револт по тешкиот пораз, навивачите останаа во салата долго по последниот судиски свиреж, пеејќи и бодрејќи ги ракометарите. Овој гест на безусловна поддршка предизвика бура од емоции и искрени признанија од стручниот штаб и играчите.

Чупиќ: Песната од цела сала ме погоди човечки

Стратегот Иван Чупиќ не го криеше огромното разочарување, потенцирајќи дека ваквата реакција на публиката му паднала многу потешко отколку евентуалните критики. Хрватот призна дека на играчите буквално им дошло срам од поразот пред таква армија навивачи.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

„Чувството е сосема поинакво отколку по мечевите со Мелсунген и Нант. Сега сум и лут и тажен. Многу пати сум бил во полн „Јане“ и како играч и како тренер, но мислам дека ќе ми беше полесно ако навивачите нè исвиркаа и си заминаа, наместо вака да нè бодрат по мечот. Ова е мој тим и сакам да не ги разочаруваме овие луѓе“, изјави емотивниот Чупиќ.

Тој додаде дека ретко кога го болело вака во кариерата. „Кога ќе видиме колку нè сакаат нас и клубот, дури и играчите на Висла ги поздравија, а нам ни дојде срам од поразот. Навивачите останаа да ни покажат поддршка долго по мечот и тоа ме погоди многу на човечко ниво.“

Не бевме на потребното ниво, Гогов без грам алиби!

Капитенот Васил Гогов застана пред медиумите без никакво оправдување. Тој директно посочи на недостатокот на енергија и агресивност како клучни фактори за неуспехот против полскиот гигант.

„Го отворивме натпреварот многу лошо. Немам што многу да коментирам. Едноставно, не бевме на нивото на кое требаше да бидеме и ја немавме потребната енергија и агресивност во одбраната“, искрено анализираше Гогов.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

Иако тимот е закован на дното во групата со нула бодови, капитенот одбива да се предаде. „Не знам какви се математичките шанси да продолжиме понатаму, но тоа не значи дека ќе се откажеме. Доколку не ја поминеме групата, ќе продолжиме во Лига Европа и таму ќе дадеме сè од себе“.

Малус и Педро со ветување за реваншот во Плоцк

Разочарувањето беше очигледно и кај интернационалците. Словенецот Јака Малус истакна дека Скопје и навивачите заслужуваат многу повеќе од она што тимот го прикажа на теренот. „Се обидовме со сè што имавме, но Висла беше подобра. Работиме стопроцентно и мораме да донесеме бодови за нашите навивачи“, дециден е Малус.

Слично размислува и Педро Да Силва, кој призна дека планот целосно се распаднал. „Имавме шанса да дојдеме до прва победа, но ништо не ни успеваше. Треба да го погледнам мечот за да знам што се случи. Многу сум разочаран, но ќе продолжиме да работиме напорно“.

Вардарци немаат време за тагување. По викенд гостувањето во Струга, веќе в среда ги чека пеколен реванш во Полска против истата Висла Плоцк во четвртото коло од елитното натпреварување.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 
Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 

Тазе објавено