(Видео) Челси со бразилски гол води на полувремето!

 

Објавено:

Англискиот гигант Челси води на полувремето со резултат од 1:0, откако во 18 минута гол постигна токму “детето” на Флуминенсе, Жоао Педро.

Бразилецот ја почна професионалната кариера токму во овој клуб, во кој дебитираше во 2019 година. Тој напредуваше од Академијата за млади играчи на Флуминенсе, па сè до сениорскиот тим, пред неговиот трансфер во Ватфорд во 2020 година.

Педро пристигна во Челси неодамна од Брајтон за 70 милиони евра, а ова беше прв пат тој да се најде во стартниот тим и да постигне прв гол за новиот клуб, и тоа против клубот од детството!

Во 37 минута имаше игра со рака, но не беше досуден пенал за Флуминенсе, бидејќи положбата на раката на Чалоба била во природна положба.

Погледнете го голот и спорната пенал ситуација на видеата подолу.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено