(Видео) Огромна почит од играчите на Челси за Тијаго Силва

 

Објавено:

Тијаго Силва, кој е еден од легендите на англискиот клуб Челси, денес играше од спротивната страна со својот клуб од детството, бразилскиот Флуминенсе.

Тој и на 40 години успеа да биде вистински лидер на својот тим, со цврста игра во одбраната, мотивираност и пожртвуваност, тој успеа да го донесе тимот до самото полуфинале на Светското клупско првенство.

Очигледна е почитта која Силва ја има кај поранешните соиграчи, па по завршувањето на натпреварот сите дојдоа да се поздрават со Бразилецот и да му честитаат на одличната игра во текот на целиот турнир.

Тијаго Силва можеби го одигра својот последен голем турнир на клупско ниво, но со сигурност ќе си замине со високо крената глава.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено