Случајност? Седлоски си замина, Гвардиола веднаш најави дека сака да биде селектор

 

Објавено:

Само неколку часа откако Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Гоце Седлоски официјално ја озаконија разделбата по календарската година без ниту една победа, од Бразил пристигна вест која во Куќата на фудбалот би можеле да ја сфатат и како директен повик. Во гостувањето кај поранешниот соиграч Ромарио, Пеп Гвардиола без многу двоумење потврди дека неговиот следен тренерски чекор ќе биде селекторска функција.

Иако каталонскиот стратег во последните месеци учтиво ги одбиваше понудите од Италија, САД и Саудиска Арабија со образложение дека по 18 години темпо „среда-сабота“ му е потребен одмор, Скопје нуди рехабилитациски пакет каков што не постои никаде на фудбалската мапа. Во македонската репрезентација се игра еднаш на три месеци, никој нема да му бара 500 милиони евра за нови бекови, а по серијата од еден постигнат гол во десет натпревари, летвицата за успех е поставена толку ниско што и две точни додавања на противничка половина се сметаат за тактичка револуција.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

Плус, наместо здодевни мундијалски финалиња, веќе во март го чека вистински адреналински тест за опстанок во Лига Б против Кипар. Во ФФМ веројатно веќе го проверуваат меѓународниот тарифник, зашто како што вели Лојд Крисмас:

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 
Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 

Тазе објавено