Димитријевиќ и Рајт го комплетираа составот, Македонија во полн сјај вечерва го пречекува Кипар

 

Објавено:

Одлични вести доаѓаат од таборот на македонската машка кошаркарска репрезентација пред вечерашната пресметка против Кипар во Скопје. На вчерашниот попладневен тренинг во спортската сала „Лазар Лечиќ“ на екипата ѝ се приклучија и двајцата клучни интернационалци, Ненад Димитријевиќ и Мозес Рајт, со што селекторот Жозеп Марија Берокал конечно ги има на располагање сите повикани кошаркари.

Пристигнувањето на бековскиот лидер и центарот претставува огромно засилување и дополнителен импулс за нашиот национален тим во пресрет на дуелот од вториот круг претквалификации за пласман на Евробаскетот 2029. Атмосферата во соблекувалната е на високо ниво, а избраниците на шпанскиот стратег максимално мотивирани го дочекуваат вечерашниот предизвик пред домашната публика.

Борба за осамување на врвот во групата Ф и директен пренос на МРТ 1

Натпреварот меѓу Македонија и Кипар носи голема резултатска тежина за понатамошниот тек на циклусот. По августовскиот претквалификациски прозорец, двете репрезентации влегуваат во меѓусебниот судир со идентичен учинок од по една победа, остварена против третата селекција во групата Ф, Австрија. Токму затоа, вечерашниот триумф во Скопје би ја осамостоил Македонија на чело на табелата и би ја доближил на чекор до главните квалификации.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

Средбата во спортската сала „Лазар Лечиќ“ започнува во 18:00 часот, а за сите љубители на кошарката кои нема да бидат на трибините, обезбеден е директен телевизиски пренос на првиот канал на Македонската радио-телевизија (МРТ 1).

Следете нѐ: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 
Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 

Тазе објавено