ФИФА потврди сајбер-напад, хакери со лажно претставување дошле до лични и деловни податоци

 

Објавено:

Светската фудбалска федерација (ФИФА) денес официјално потврди дека била мета на криминален сајбер-напад, при кој напаѓачите успеале да дојдат до дел од нејзината база на податоци. Според информациите од Цирих, неовластениот пристап не се случил поради технички или системски пропуст, туку откако хакерската група успеала да продре во системот лажно претставувајќи се како вработени во организацијата.

Одговорноста за упадот, по сѐ изгледа, ја презеде групата под името „Хендсам бој хакинг клуб“ (HBHC), која уште на 19 ноември на социјалната мрежа Икс објави фотографија од екран со датотеки поврзани со ФИФА. Напаѓачите тврдат дека украле повеќе од 12 гигабајти чувствителен материјал, вклучувајќи документи за идентификација и имиграција, податоци за раководството, финансиски и правни извештаи, како и интерни документи за управувањето во куќата на светскиот фудбал.

Остра осуда од Цирих и вклучување на полицијата

Во официјалната реакција ФИФА потврди дека станува збор за сериозен инцидент, но нагласи дека обемот на компромитираните материјали е ограничен и дека во истрагата веќе се вклучени надлежните институции.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

„ФИФА може да потврди дека беше жртва на криминален сајбер-напад кој резултираше со неовластен пристап до ограничен сет на лични и деловни информации. ФИФА тесно соработува со надлежните органи, вклучувајќи ги и органите за спроведување на законот. Најостро го осудуваме незаконското стекнување и објавување информации, особено лични податоци. Ваквите дејствија претставуваат сериозно и неприфатливо нарушување на приватноста и можат да имаат значајни последици за засегнатите поединци“, порачаа од федерацијата.

Извори од ФИФА, под услов на анонимност, прецизирале дека украдениот материјал претставува помалку од 0,1 процент од вкупните податоци со кои располага организацијата. Истите извори додале дека меѓу компромитираните фајлови нема никакви документи поврзани со неодамна напуштениот проект „ФИФА Форвард Ентерпрајз“ (FFE).

Дали Инфантино бил цел и бран сајбер-напади во светскиот фудбал

Засега сѐ уште не е јасно дали претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, или генералниот секретар Матијас Графстром биле директно погодени од протекувањето, иако луѓе блиски до федерацијата наведуваат дека нападот бил насочен кон самата институција, а не кон конкретни поединци.

Сепак, инцидентот доаѓа во чувствителен момент, само три месеци откако ФИФА излезе со јавно соопштение во кое тврдеше дека постои „координиран и континуиран обид на одредени кругови да ги поткопаат ФИФА и нејзиниот претседател“.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

Овој упад воедно е само последен во низата сајбер-инциденти што годинава ги потресоа големите фудбалски институции. Претходно месецов мета на напад беше шпанската Ла Лига, каде неовластено лице доби пристап до една од нејзините платформи за дигитални услуги. Во јули, пак, Фудбалската федерација на Аргентина отвори истрага дали нејзините системи биле хакирани откако серија електронски пораки беа испратени до новинари веднаш по драматичната осминафинална победа над Египет.

Следете нѐ: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 
Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 

Тазе објавено