2.8 C
Skopje

Реакцијата на Кристал Палас: Ова е лош ден за фудбалот!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

После исклучувањето на клубот од Лига Европа, од клубот објавија и официјален став на таа тема. Кристал Палас изрази длабоко незадоволство од одлуката на УЕФА да го исклучи клубот од учество во Лига Европа, оценувајќи ја како “неправедна и технички бесмислена”.

Во официјалното соопштение, клубот појаснува дека никогаш не бил дел од мултиклуб-структура и дека со неодамнешната продажба на уделот на “Eagle Football” на Вуди Џонсон, повеќе нема никаква можност за конфликт на интереси.

“Ние ќе продолжиме да ја водиме оваа битка со УЕФА, за да го добиеме местото кое со право ни припаѓа”, се наведува во соопштението, додавајќи дека клубот веќе побарал правен совет и размислува да поднесе официјална жалба за одлуката пред Спортскиот арбитражен суд (CAS).

Претседателот Стив Париш, за “Sky Sports”, изјави: “Уништен сум – најмногу за навивачите. Ова беше нивниот сон. Ова е лош ден за фудбалот. Се надевам дека некој ќе ја исправи оваа неправда”.

“Победувате на куп, всушност победувате на нешто во прв пат во својата историја. Но, некој ми рече дека тоа е како да сте добиле на лотарија – кога ќе отидете на шалтер може да не ја добиете наградата. Мислам дека вистинските љубители на фудбалот ќе ја препознаат оваа неправда која е направена врз нашиот клуб, неправда која искрено се надевам дека некој ќе ја исправи, затоа што верувам дека никој во фудбалот не сака да го гледа ова”, се вели во изјавата на Париш.

Париш истакна дека клубот не можел да влијае врз одлуката на малцинскиот акционер кој бил повикан да ги пренесе своите акции, нешто што, според него, не било возможно да се изнуди со сила.

“Станува збор за правило со кое не можеме да се усогласиме – тоа е невозможно. А, УЕФА ја користи оваа техничка точка како изговор да не дозволи екипа која чесно се избори за своето место да игра во натпреварување што го заслужува”, додаде тој.

Кристал Палас заврши на шестото место во Премиер лигата, и со тоа обезбеди место во Лига Европа, но можеби нема да ја дочека европската есен. Сагата допрва ќе се развива.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено