Австрискиот екстремен спортист, Феликс Баумгартнер денес починал после несреќа со параглајдер во Италија, на 56 годишна возраст. Тој изгубил контрола врз параглајдерот, по што паднал во базен во Порто Сант Елпидио.
Феликс е најпознат на јавноста по неговиот скок од вселената во 2012 година, кога со неговиот спонзор Ред Бул решија да изведат нешто што дотогаш се сметаше за невозможно.
Тој тогаш скокна од статосферата на 39 километри одалеченост од Земјата, пробивајќи ја дури и звучната бариера со 1,357.64 километри на час. Неговиот скок не беше само екстремна забава, тој всушност и помогна на НАСА во идните безбедносни протоколи за летови во вселената, нешто што беше наведено и во истражувањето на “Journal of Aerospace Medicine” во 2013 година.

Тој 14 Октомври 2012 година, тогаш 43 годишниот Австриец, излезе од капсулата на работ на вселената и направи подвиг со кој стана првиот човек кој успеал да патува побрзо од брзината на звукот надвор од вселенско летало.
Проектот за кој се подготвуваа повеќе од 5 години, тогаш помина речиси совршено, а светот го гледаше неговиот скок со неверување и воодушевување.
Феликс Баумгартнер ќе остане запаметен во заедницата на екстремни спортисти како еден од најхрабрите и човекот кој го направи невозможното. На десет годишнината од скокот, тој раскажа како се подготвувал и како гледа на целиот тој проект после толку години. Погледнете ја неговата приказна во видеото…



