(Видео) Првиот гол на Пеле на Светските превенства

 

Објавено:

Од ФИФА веќе почнаа да го најавуваат Светското фудбалско првенство кое ќе се одржи во 2026 година, а како загревање сега го објавија првиот гол на легендарниот фудбалер Пеле на Мундијалите.

Голот кој тогаш го постигна 17 годишниот Пеле, на Светското првенство во 1958 година, беше најава за легендарната кариера која следуваше и неговото запечатување во историјата како фудбалска икона.

Голот на Пеле против Шведска, која беше домаќин на Мундијалот, донесе вистинска радост кај бразилските фанови и најава за клучната улога на Пеле во бразилската репрезентација и покрај првичните стравувања за иницијалните повреди.

Вонсерискиот талент на Пеле и неговите фудбалски вештини беа преодна точка во фудбалот, а неговата инволвираност помогна да се испопуларизира спортот во светски рамки. На тоа Светско првенство, Пеле постигна 6 голови во 4 натпревари за својот Бразил, поставувајќи преседан за идните генерации.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено