6.8 C
Skopje

Од футсал до Бенфика: Неверојатната приказна на Ричард Риос

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Португалскиот гигант Бенфика го комплетираше својот досега најскап трансфер ова лето, обезбедувајќи го потписот на колумбискиот репрезентативец од средниот ред, Ричард Риос, од бразилскиот Палмеирас. 25-годишниот фудбалер потпиша петгодишен договор до 2030 година, а трансферот е вреден импресивни 27 милиони евра, со откупна клаузула поставена на неверојатни 100 милиони евра.

Со оваа сума, Риос станува четвртиот најскап играч во историјата на Бенфика, што е јасен показател за огромните очекувања што клубот ги има од него.

“Ова е остварување на сонот”

Во своето прво интервју за клупската телевизија, Риос не го криеше воодушевувањето од можноста да заигра во Европа.

“Ова е огромна среќа за мене и моето семејство, огромен чекор во мојата кариера. Сонував да играм во Европа, а сега да бидам во гигант како Бенфика е навистина голема сатисфакција”, изјави Риос.

Интересната приказна: Од футсал до ѕвезда на фудбалските терени

Она што го прави патот на Ричард Риос навистина уникатен е неговиот почеток. Тој не ја започнал својата кариера на фудбалските терени, туку во салите за футсал.

“Сите знаат дека доаѓам од футсалот, тоа не е тајна. Но, наместо да ми одмага, тоа многу ми помага на теренот. Многу од моите карактеристики доаѓаат токму од футсалот”, објасни тој.

Неговата кариера започна во колумбискиот футсал тим Алијанса Платанера, пред во 2019 година да направи транзиција кон фудбалот, потпишувајќи за младинскиот тим на бразилскиот гигант Фламенго. По кратка авантура во Мексико, тој експлодираше во дресот на Палмеирас, каде што стана еден од најдобрите дефанзивни играчи за врска во Јужна Америка и стандарден репрезентативец на Колумбија.

Со овој трансфер, Бенфика добива физички доминантен, но и технички префинет играч, кој е подготвен веднаш да биде лидер на средниот ред во борбата за титулата во Португалија и во Лигата на шампионите.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено