2.8 C
Skopje

ФФМ со повик: Започна пријавувањето за младинските лиги за новата сезона

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и официјално го започна процесот на пријавување за учество во младинските натпреварувања за претстојната сезона 2025/2026.

Отворени се пријавите за следните категории:

  • Регионални лиги за петлиња (родени 2011 г.)
  • Регионални лиги за помлади петлиња (родени 2012 г.)
  • ФФМ Детски лиги (родени од 2013 до 2018 г.)

Рокот за пријавување за лигите за петлиња и помлади петлиња е

27 јули, додека за детските лиги е 6 август.

Фудбалската федерација на Македонија ги повикува сите заинтересирани клубови, вклучително и оние кои досега не учествувале, да се пријават навреме. Сите детали, рокови и начинот на пријавување можете да ги најдете во официјалното соопштение.

Прочитајте повеќе на официјалната страница на ФФМ: линк до соопштението

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено