11.8 C
Skopje

ФК Тетекс се засилува со четворица нови фудбалери

Објавено:

ФК Тетекс не запира со подготвките за новата сезона и денес официјално ги претстави своите најнови засилувања. Тетовскиот клуб ангажира четворица фудбалери кои ќе го носат синиот дрес и ќе се борат за место во стартниот состав.

Станува збор за Енис Фервиши (27), Петар Обадиќ (21), Марко Стојчески (24) и Рихан Зекири (26).

Од еден од најстарите македонски клубови истакнаа дека овие фудбалери ќе донесат комбинација од солидно искуство и амбиција, со што ќе се подобри квалитетот и свежината на тимот.

Од Тетекс порачуваат дека ова е важен чекор во градењето на конкурентен и борбен состав, кој ќе се наметне во новата натпреварувачка сезона.

Од клубот дополнително најавуваат дека засилувањата не завршуваат тука. Во тек се преговори со уште неколку фудбалери, вклучително и млади надежни имиња, а јавноста ќе биде навремено информирана за сите следни потписи.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено